Годинава ќе се испорачаат 1,2 милијарди паметни телефони
19.09.2014 17:24
Ова е зголемување од 19 процени во однос на 2013 година...

Годинава низ целиот свет ќе бидат испорачани околу 1,2 милијарди смартфони, покажуваат резулатите на истражувањето на компанијата „Јунипер“.
Ова е зголемување од 19 процени во однос на 2013 година.
Според истражувањето разликата меѓу пазарот на развиени земји и земји во развој се намалува, иако и годинава најголем број од уредите ќе бидат продадени во развиените земји.
Епл и Самсунг доминираат со учество од 45 проценти во глобалната испорака на смартфони годинава. Кинеската компанија Ксиаоми бележи најголем раст во 2013 година на 5,1 процент удел во глобалната испорака на смартфони и сега е петтиот најголем производител на смартфони во светот.
