Покана за јавна седница на Програмскиот совет на МРТ
Програмскиот совет на МРТ ги поканува претставниците на еснафските здруженија, медиумските организации и релевантните институции да присуствуваат на јавната седница на Програмскиот совет на МРТ.
Седницата ќе се одржи на 21 мај 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во салата за состаноци на МРТ.
Точка на дневен ред на јавната седница е:
Презентација на програмските, развојните и реформските определби, приоритети и планирани активности во работењето на ЈРП МРТ во рамки на мандатниот период на Директорот на ЈРП МРТ.
Јавната седница има за цел презентација на програмските, развојните и реформските определби, приоритети и планирани активности во работењето на ЈРП МРТ од страна на Директорот на ЈРП МРТ, како и отворање професионална и конструктивна дискусија, размена на мислења, идеи и предлози во насока на понатамошно унапредување на Македонската радио-телевизија како независен, професионален, модерен и кредибилен јавен медиумски сервис во служба на граѓаните.
За подобра организација на седницата, заинтересираните претставници потребно е да го пријават своето присуство на: [email protected], најдоцна до 18 мај 2026 година (понеделник), до 12:00 часот.
