Продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“
Во големата сала во затворот во Идризово продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, со презентирање материјални докази на Обвинителството. На претходното рочиште пред судот презентирани видеа и фотодокументација кои ја покажуваат состојбата по пожарот-уништен ентериер, поставеност на сцената, а посебен акцент беше ставен на полиуретанскиот сунѓер, поставен за звучна изолација, кој бил високо запалив и при согорување создавал жешки и токсични капки...

Во големата сала во затворот во Идризово продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, со презентирање материјални докази на Обвинителството. На претходното рочиште пред судот презентирани видеа и фотодокументација кои ја покажуваат состојбата по пожарот-уништен ентериер, поставеност на сцената, а посебен акцент беше ставен на полиуретанскиот сунѓер, поставен за звучна изолација, кој бил високо запалив и при согорување создавал жешки и токсични капки.
Задната врата која требала да послужи за евакуација, била затворена однадвор со два катанци и со стаклена волна. Дискотеката немала систем за брза сигнализација, ниту противпожарен систем. Судот ги одби барањата на одбраната за изземање на дел од доказите и за нови вештачења.
