НБА
Повредата на Дончиќ посериозна од првичните проценки
13.05.2026 08:38
Иако првите медицински прегледи покажале истегнување на тетивата од втор степен, дополнителен преглед направен во Шпанија открил потешка и пообемна повреда.

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, се соочува со посериозна повреда отколку што првично беше објавено, пренесува „Атлетик“.
Иако првите медицински прегледи покажале истегнување на тетивата од втор степен, дополнителен преглед направен во Шпанија открил потешка и пообемна повреда.
Дончиќ се повреди на 2 април на натпреварот против Оклахома, поради што го пропушти финишот на регуларната сезона и целиот плејоф во НБА.
Без словенечкиот плејмејкер, Лејкерси го елиминираа Хјустон во првото коло од плејофот, но потоа беа поразени со 4:0 од Оклахома во втората рунда.
