мвр

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

13.05.2026 20:11

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

На 12.05.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н.(61) од Тетово. При претрес во неговиот дом во Тетово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.