Лишени од слобода две лица во Свети Николе и Куманово, управувале мопеди без дозвола и под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи
Од МВР соопштуваат дека двајцата се лишени од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветена пријава...

На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул. „Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип. Н.Д. е лишен од слобода, затоа што при извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе било констатирано дека Н.Д. го управувал мопедот, без да поседува возачка дозвола. Тој е задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 12.05.2026 околу 18:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул. „Илинденска“ и плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, Д.Ѓ.(47) од Куманово, управувајќи мопед „пиаџо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и извршени проверки, било констатирано дека Д.Ѓ. го управувал мопедот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,80 промили алкохол во крвта.
Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
