Стабилна е состојбата на ученикот кој беше избоден со нож
Стабилна е состојбата на ученикот кој беше избоден со нож во училиштето „25 Мај“ во Ченто. Агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, вели министерката за образование, Јаневска. Рече дека ќе побара со Закон да се овозможи казна за родителот чие дете врши насилство во училиште.

Стабилна е состојбата на ученикот кој беше избоден со нож во училиштето „25 Мај“ во Ченто, при што му беше нанесена тешка повреда на црниот дроб, вели директорот на директорот на Ургентниот центар во Скопје, д-р Игор Мерџаноски.
Напаѓачот бил поранешен ученик во ова училиште, а сега во прва година средно. Во училишниот двор успеал да влезе со изговор дека треба да ја земе помалата сестра. Тој и неговиот татко се приведени и се води судска постапка. За малолетникот ќе се води постапка според Законот за правда за децата.
За зачестените насилства во училиштата одговорноста треба да се бара и кај родителите, не само кај институциите-вели министерката Јаневска. Обезбедувањето во училиштата е засилено подолг период, а министерката најавува и засилени дежурства на наставниците и поголема ажурност од педагошката служба.
Спроведени се многубројни кампањи против насилството во училиштата, а ќе следува уште една голема акција во соработка со МВР, најавува ресорната министерка.
Александра Велинова
