Извештајот на Народниот правобранител претставен пред Собранието
Над 2.900 предмети разгледувал Народниот правобранител во 2025 година од кои сè уште најмногу преставки се на повреда на правата од судството. Омбудсманот Сељами пред пратениците посочи дека за 1.810 предмети покренал постапки од кои за 27 проценти се констатирани повреди на правата на граѓаните...

Задоцнето или никакво постапување на институциите по препораките на Народниот правобранител за прекршување на правата на граѓаните, констатира омбудсманот во извештајот за минатата година пред пратениците. Сè уште најмногу правата се повредуваат од судовите, а речиси во сите области расте бројот на случаи на повреда на правата, така од над 2.900 предмети кои пристигнале, 1.810 се сработени, а во над 400 е констатирана повреда.
Опозицијата го пофали извештајот но му забележи на омбудсманот дека не сторил доволно за случајот во Кочани. Пратеничката Мираковска побара овој случај да биде држен отворен.
Загрижувачко е што секоја четврта преставка е потврдена повреда велат од власта и особено неодговорноста да се образложи и испочитува препораката на омбудсманот.
Извештајот на Народниот правобранител се изготвува овојпат за 2025 година во која 6 месеци институцијата работеше без избран омбудсман.
Фиљана Кока
