Животна средина

Новиот закон за природа предвидува интервентни тимови за диви животни во населени места

13.05.2026 18:20

Интервентни тимови за диви животни и национална комисија чија основна цел ќе биде справување со ситуациите во заштитените подрачја, пред сè за брзо дејствување и решавање на проблемите на терен. Ова е дел од она што е предвидено во новиот закон за природа...

Интервентни тимови за диви животни и национална комисија чија основна цел ќе биде справување со ситуациите во заштитените подрачја, пред сè за брзо дејствување и решавање на проблемите на терен. Отворање прифатен центар каде дивите животни ќе бидат третирани на хуман начин. Ова е дел од она што е предвидено во новиот закон за природа.

Министерот Хоџа истакна дека ова законско решение има цел на системски пристап кон заштитата на природните ресурси.

Законот опфаќа и низа други механизми, меѓу кои воведување акциски планови за живеалишта, усогласување со европските директиви за живеалишта и на птици, нова категорија геопарк, засилен ренџерски надзор и дигитализација на дозволите.

Предлог-законот е објавен на ЕНЕР каде јавноста може да доставува забелешки во коментари во наредниот период. Потоа ќе има и јавни расправи.

Ана Јосифоска