Владата со Предлог-закон за игри на среќа
Коцкарници оддалечени на минимум 500 метри од училишта, забрана за рекламирање и засилена борба против нелегално онлајн коцкање, предвидува новиот законски предлог на владата за игри на среќа и забавни игри. Премиерот Мицкоски, вели се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците.

Со рекламите и билбордите за игри на среќа, коцкарниците како да се главна индустрија по градовите, рече премиерот Мицкоски. Вели, новиот предлог-закон за игри на среќа и забавни игри ќе се стави крај на таква перцепција кај граѓаните. Фокусот на законот е ставен на заштита на децата, младите и семејствата, преку значително построги правила за рекламирање и локацијата на објектите за игри на среќа, нема да смеат да се во близина до училишта.
Со новите решенија се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има за цел поттикнува учество во Игри на среќа, како и пораки дека коцкањето е начин за финансиски успех или решение за животни проблеми. И познати личности нема да смеат да рекламираат коцкање. Во радиус од 500 метри околу училишта нема да смее да има објекти за Игри на среќа. Вработените во секторот игри на среќа реагираат, законот ме, а да ги исполни очекувањата на надлежните, ќе има контраефект.
„Воведувањето на дистанца од 500 метри за легалните објекти за игри на среќа е целосно нефункционална законска одредба која задолжително ќе предизвика затворање на овој економски сектор, кој ќе биде заменет од диви играчници по подруми. Државата ќе нема никаква контрола, а младината ќе биде далеку под поголем ризик. Повеќе од 10 илјади македонски семејства ќе станат кандидати за иселеници во западните земји каде повторно ќе работат во истиот сектор“ – стои во соопштението од Здружение на вработени во сектор игри на среќа.
Надлежните планираат да ги засилат и мерките против нелегално онлајн коцкање. Досега се затворени над 350 нелегални странски платформи. Предлог законот за игрите на среќа и забавни игри треба да се најде пред пратениците. Според најавата на премиерот следно што останува да се регулира се брзите кредити.
Наташа Јанчиќ-Менковски
