Нови сведочења на рочиштето за пожарот во „Пулс“
Ново рочиште за случајот „Пулс“. Прочитани искази на двајца сведоци – кога биле најавувани инспекции дел од вработените во дискотеката се однесувале како гости, плати се исплаќале на рака, фискалните биле заменувани со нелегална документација. На ова реагираше обвинетиот Михајло Јовановски кој рече дека тврдењата се неточни. На судењето беа презентирани и материјалните докази, снимки од пожарот и случувањата по него.

Јавна тајна е дека газдата Деко имал заштита од луѓе во полицијата и инспектори, во неколку години имало само две инспекции во кои биле фатени црни пари. Сведочење на Ана Томева која работела во кафулето класик, а за викенди и во дискотеката „Пулс“. Пред судот обвинителот го читаше нејзиниот исказ во кој тврди дека кога биле најавувани инспекции дел од вработени се однесувале како гости, објектот го посетувале и лица кои се занимавале со недозволени активност, а работата ја координирал третообвинетиот, Михајло син на Дејан Јовановски.
На сведочењето реагираше Михајло Јовановски кој рече дека тврдењата на Томева се неточни. Дел од адвокатите на обвинетите пак побараа сведоците физички да ги дадат исказите на рочиштето, но судот не дозволи, бидејќи вешти лица утврдиле дека сведоците имале душевно растројство.
Обвинителството пред судот продолжи со презентирање на материјалните докази, снимки од пожарот и случувањата по него. родителите на починатите вознемирени и со солзи ги гледаа доказите.
„Чадот не може да се шири ниту пак, оганот, само нагоре. Сметаме дека е особено значајно не само поради неможноста за евакуација, туку и за кратките секунди што им стоеле на располагање на лицата да се спасат. Задната врата е отворена само пожарникарите пристапуваат и ја отвораат.“ - стои во соопштението од ЈО.
Во судот беа презентирани и слики од претходни настапи на бендот ДНК. Пред нивниот концерт пиротехничките фонтани во кочанскиот клуб веќе биле поставени на бината, последните искри од третата фонтана го пали таванот и почнува пожарот, рекоа обвинителите според кои задолжен за активирање на пиротехника бил нивниот член Мартин Атанасовски-Буцо.
Викторија Милевска
