Јавен сервис

Отворено студио „Две години претседателка“

13.05.2026 18:51

Со почеток во 20.15 часот отворено студио на Македонската телевизија со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова...

„Нема скала за мерење на гордоста. Горда е онаа држава што се сака преку својот народ“, беше одговорот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на прашањето колку Македонија се искачила на скалата на гордоста по една година од нејзиниот мандат.

А каква е состојбата низ призмата на шефицата на државата по две години од нејзиниот мандат? Ќе се бараат клучни одговори за внатрешната и надворешната политика.

Отвореното студио „Две години претседателка“, во 20.15 часот на МРТ 1, може да го следите на следниот ЛИНК.