Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
14.05.2026 08:25
Ќе дува слаб до умерен променлив ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
