ОЈО
Во телефонскиот разговор меѓу премиерот и јавниот обвинител не се разговарало за детали од предмети
14.05.2026 10:22
Премиерот телефонски разговарал со државниот јавен обвинител, но тврдат дека не станало збор за детали од конкретни предмети, велат дека обвинителот бил информиран со истите информации што претходно биле јавно соопштени во медиумите...

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека премиерот телефонски разговарал со државниот јавен обвинител, но тврдат дека не станало збор за детали од конкретни предмети, велат дека обвинителот бил информиран со истите информации што претходно биле јавно соопштени во медиумите. И нагласуваат дека предметниот обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција одлучува самостојно, согласно со законските и уставните гаранции за независност на обвинителството.
