Нови руски напади врз украински градови, има загинати и повредени
Русија изврши еден од најголемите комбинирани напади врз Украина од почетокот на војната, со стотици дронови и ракети насочени кон повеќе региони, при што има загинати и повредени, соопштија украинските власти...

Русија изврши еден од најголемите комбинирани напади врз Украина од почетокот на војната, со стотици дронови и ракети насочени кон повеќе региони, при што има загинати и повредени, соопштија украинските власти. Штети се регистрирани и во Киев и во западни и јужни делови од земјата, а дел од инфраструктурата е погодена и оштетена.
Нападите следуваат по претходен масовен удар во кој беа употребени околу 800 дронови. Зеленски изјави дека Русија се обидува да предизвика што е можно повеќе страдање, додека Украина продолжува со дипломатски напори и бара засилен меѓународен притисок врз Москва. Се надева оти прашањето за прекин на војната во неговата земја ќе биде покренато за време на посетата на Трамп на Кина.
