МВР

Битолчанец со нож ја убил 31-годишната сопруга, полицијата го уапси

14.05.2026 11:33

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопштија од МВР.

Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.