Свет

Куба остана без дизел и мазут, делови од земјата се без струја и до 20 часа на ден

14.05.2026 14:08

Министерот за енергетика предупреди дека електроенергетскиот систем е во „критична состојба“, додека кризата дополнително е продлабочена од недостиг на храна, гориво и лекови.

Куба се соочува со сериозна енергетска криза откако остана без дизел и мазут, поради што делови од земјата се без струја и до 20 часа дневно.

Министерот за енергетика предупреди дека електроенергетскиот систем е во „критична состојба“, додека кризата дополнително е продлабочена од недостиг на храна, гориво и лекови.

Властите соопштија дека производството на електрична енергија е ограничено, а Куба води преговори за увоз на гориво по прекинот на испораките од Мексико и Венецуела.

ОН оценија дека американските санкции дополнително ја влошуваат состојбата на островот.