Лицата со попреченост бараат поголема вклученост во носењето одлуки
Лицата со попреченост бараат социјални промени и поголема вклученост во носењето одлуки, согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, која Македонија ја ратификуваше пред 15 години.

Лицата со попреченост ретко се дел од процесите каде се носат одлуки што директно го засегаат нивниот живот. Иако законите предвидуваат еднаквост и инклузија, во пракса нивниот глас недоволно се слуша.
Крива Паланка и Штип се единствените општини каде општинскиот статут е отпечатен на Брајово писмо.
Пристапна инфраструктура, образование, вработување, јавен превоз и социјални услуги – за овие прашања одлучуваат институции без доволно вклучување на самите лица со попреченост и организациите што ги претставуваат. Лицата со попреченост се маргинализирани и на изборните листи на партиите.
Димитровска вели – нема инклузија ако одредени групи остануваат на маргините на одлучувањето. Затоа и мото на Конвенцијата за лицата со попречености е – „Ништо за нас без нас“.
Славица Величковска
