Евроинтеграции

Рокас: Има напредок во исполнување на реформската агенда

14.05.2026 19:19

Забрзани реформи и поголем напредок ќе констатира Европската комисија за напредокот на Македонија, најави евроамбасадорот Михалис рока. Сепак до крајот на јуни остануваат уште 12 чекори од реформската агенда што треба да се спроведат за да се задржат средствата од планот за раст на ЕУ.

Има забрзани реформи и поголем напредок од претходната година, во септември ќе покаже новиот извештај за Македонија подготвуван од Европската комисија, рече евроамбасадорот Рокас.

Досега само 40 проценти од реформската агенда се исполнети. До крајот на јуни треба да се исполнат уште 12 чекори од реформите финансирани од планот за раст на ЕУ.

Од планот за раст за реформи од ЕУ за Македонија се предвидени 750 милиони евра. Овие средства се даваат со исполнување на реформи, но и може да се одземат ако не се исполнат целите од реформската агенда.

Ирина Гелевска