Врсничкото насилство останува предизвик во училиштата
Се поголем број пријави за врсничко насилство. Апел, прстот да не се вперува само во училиштата, да се слуша гласот на децата, да има поголема институционална соработка.

Нападот на ученикот во остар предмет во училиштето во Ченто е изолиран случај, безбедноста во школите во општина Гази Баба е на високо ниво, заклучи Локалниот совет за превенција. А врсничкото насилство останува општествен проблем, се повеќе случаи се пријавуваат, надлежните велат не може прстот само да се впери само на еден чинител, апел да се слуша гласот на децата, да има поголема институционална соработка.
Протоколи има но не и меѓуинституционална соработка велат од образование. Потребно е да се охрабрат и децата и родителите да пријавуваат насилство. Минатата година на електронската адреса на Министерството стигнале 49 пријави, 41 се успешно решени.
Надлежните порачуваат „да градиме институции во кои децата ќе имаат доверба“.
Не може да се креира политика во којашто нема да бидат прашани децата и безбедна средина а да се потпреме на еден столб.
Ана Јосифоска
