Проширена истрагата со 4 нови кривични дела од Старо Нагоричане за истото лице
Истрагата за серискиот убиец од Старо Нагоричане е проширена со уште четири кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Јавниот обвинител Љубомир Лапе соопшти дека станува збор за прв случај на сериски убиец поврзан со кривично дело фемицид во земјава.

Истрагата по вторпат проширена со 4 нови кривични дела за истото лице-прв сериски убиец со кривичнo дело фемицид рече Јавниот Обвинител Љубомир Лапе. Се работи за две нови убиства и два обиди за убиство. Убиецот од Старо Нагоричане – Кумановско, констатирано е дека оперирал локално. Обвинението ќе биде покренето најдоцна во рок од еден месец.
Две од убиствата се извршени на почетокот на оваа година, а две лани, и тоа во јануари и јуни 2025. И обидите за убиствата се едно годинава, а едно минатата година. Во текот на истрагата извршени се три ексхумации.
По извршените 3 психијатриски вешачења. Kонстатирано е дека лицето е правно одговорно, свесен за постапките, бил пресметлив во моментот кога го извршувал делото и може да го следи судењето.
СВР Куманово поднесе кривични пријави против 26 годишниот убиец за убиство на уште две жени, и за два обиди на убиство.
Полицијата поднесе кривична пријава и против двајца лекари – мртвопроверители, кои тврделе дека жртвите на серискиот убиец починале од природна, а не од насилна смрт со убиство. Кај полицајците кои доаѓале на увид кај починатите жени не е најдена одговорност.
Марина Стојанова-Тонева
