Муцунски повика на конструктивност од опозицијата за клучните реформски закони
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски повика на конструктивност од опозицијата за клучните реформски закони – Изборниот законик и правосудните реформи. Владата не сака реформи за ЕУ вели лидерот на СДСМ, Филипче.

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски повика на конструктивност од опозицијата за клучните реформски закони – Изборниот законик и правосудните реформи. Министерот ја повика опозицијата, европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, одговорност и минимум национален консензус околу најважните прашања.
Владата не сака реформи за ЕУ вели лидерот на СДСМ, Филипче. Според него уставни измени, значат почеток на преговори и отворање на поглавјата тоа. Порачува, ако не сакаат да ги направат, нека си заминат, бидејќи ќе одговараат. Побара одговор што направиле во изминатите две години за исполнување на реформската агенда.
Реакцијата на опозицијата следи откако министерот Муцунски изјави дека е потребен политички дијалог заснован на аргументи, институционална соработка и заемна почит, наместо дневнополитички конфронтации кои ја намалуваат довербата во процесот.
Игор Панов
