Здравство

9 неоправдани интервенции на срце

14.05.2026 18:32

Кај девет пациенти има сомнителни наоди за направени непотребни операции и интервенции на срце – открила странските експерти од интерната медицинска комисија. Извешатајот ќе го разгледуваат и други институции, дали ќе има кривична одговорност, ќе одлучува Обвинителство.

Девет пациенти имале неоправдани интервенции на срце, констатирале странските лекари коишто ги ангажираше Министерството за здравство. Тројцата експерти анализирале 13 досиеја, кај 4 според нив немало пропусти. Министерот Алиу не сакаше да каже кај кои здравствени установи се констатирани неправилности.

Овој извештај е материјален доказ којшто би се употребил во понатамошно вештачење, доколку смета обвинителството дека треба вештачење.

Со ова здравство го затвора случајот со кардиолошките и кардиохируршките интервенции.

Внатрешната комисија што ја формираше министерот за здравство на терен ќе ги проверува здравствените установи.

Национален хард тим ќе проверува дали се обезбедени оптимални услови за сложените интервенции со цел да се намали ризикот од компликации и смртност на пациенти.

Наташа Јанчиќ-Менковски