Временска прогноза
Облачно со сончеви периоди, наместа пороен дожд и ветер
15.05.2026 08:26
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
