Украина

Ден на жалост по смртоносниот напад во Киев

15.05.2026 10:13

Според украинските медиуми, спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати под урнатините на уништена станбена зграда...

Во Киев ден на жалост по смртоносниот руски напад во кој загинаа над 20 лица. Според украинските медиуми, спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати под урнатините на уништена станбена зграда. Десетици лица се хоспитализирани .

Украинскиот претседател Зеленски претходно изјави дека во нападот биле употребени над 1.500 беспилотни летала и 56 ракети.

Од Кремљ обвинуваат дека украинските власти самите придонеле за трагедијата, бидејќи ветиле дека ќе ја запрат војната, но го направиле спротивното.