Куба

Протести во Хавана против долгите прекини на струја

15.05.2026 12:03

Стотици жители на Хавана излегоа на улиците во знак на протест против долгите прекини на електрична енергија и продлабочената енергетска криза...

Стотици жители на Хавана излегоа на улиците во знак на протест против долгите прекини на електрична енергија и продлабочената енергетска криза. Во одредени делови од главниот град граѓаните остануваат без струја и до 22 часа дневно.

Кубанските власти велат дека американската блокада на испораките на гориво предизвикала сериозна состојба во енергетскиот систем. Министерот за енергетика призна дека државата речиси целосно останала без дизел и мазут.

САД од почетокот на годината ги ограничуваат испораките на нафта кон Куба, а санкциите беа дополнително заострени во јануари. Од декември, само еден поголем руски танкер испорачал сурова нафта на островот.