Во Собранието омаж на прерано починатиот претседател Борис Трајковски
Портрет што не зборува – а потсетува. Со откривањето на ликот на прерано починатиот претседател Борис Трајковски, во Собранието не се оддава почит само на еден државник, туку и на вредностите што ги остави зад себе – мир, дијалог и човечност. Фотографии, спомени и лични приказни ја раскажуваат неговата мисија за обединета и мултиетничка Македонија и додека изложбата ги оживува сеќавањата, пораката останува жива: дека државата најсилно чекори напред кога гради мостови, а не ѕидови …

Откриениот портрет на прерано починатиот претседател Трајковски не треба да се гледа само како омаж туку како потсетник на вредностите што претседателот Трајковски ги имаше-мир, толеранција, дијалог и човечност. Претседателот на Собранието Гаши посочи дека служи и како потсетник дека Македонија има сила да оди напред кога е обединета кога гради пријателства и подобра иднина.
А низ фоајето на Собранието пречекуваат и фотографиите како приказна за животот и делото. За неговата особена улога за мирот во 2001 за мултиетничка Македонија за развиено демократско општество. Од своето раѓање семејството средбите со претседатели од целиот свет и неговата активна улога во креирање подобро место за живеење.
А авторката на портретот не ја крие својата возбуда деке честа и припаднала токму нејзе. И биле потребни месеци за запознавање со ликот и делото на претседателот зашто не можела да се сретне додека бил жив, вели.
Изложбата како нем сведок воедно и соговорник ги овековечи вредностите за кои работеше беспоштедно претседателот Трајковски. Ќе биде отворена до крајот на јуни а граѓаните ќе може да ја посетат со претходна најава. Трајковски со својот тим почина во авионска несреќа пред слетувањето на мостарскиот аеродром во 2004 година.
Фиљана Кока
