МВР
Лишен од слобода возачот кој вчера во Скопје со возило „сеат“ удри во 13-годишен велосипедист
15.05.2026 15:40
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава...

Вчера во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје, соопштија од МВР.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
