Економија

Просечната потрошувачка кошничка влегува во финиш

15.05.2026 19:42

Министерството за економија и труд денеска објави Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2026 година. Просечната потрошувачка кошничка влегува во финиш. По забелешките од Економско-социјалниот совет, документот се доработува, а рокот за негово усвојување останува 30 јуни. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши вели дека следува нова расправа, по што, доколку има согласност, кошничката ќе стане јавно достапна...

Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30-ти јуни.

Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат – рече министерот за економија Дурмиши.

Во меѓувреме Јавен повик за финансиска поддршка за преработувачката индустрија и домашното производство. Министерството ќе одвои повеќе од 180.000 евра за микро, мали и средни претпријатија и занаетчии за набавка на нови машини и алати.

„Ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по барател. Крајниот рок за аплицирање е 30-ти јуни“, изјави министерот Дурмиши.

Во наредниот период ќе бидат објавени и два значајни јавни повици во рамки на Програмата за поддршка на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2026 година.

„Ќе се кофинансираат 70 отсто од трошоците, до максимум 200 илјади денари по компанија“, изјави Дурмиши.

Пет милиони денари се предвидени за заеднички проекти меѓу компаниите од преработувачката индустрија и универзитетите.

Марина Тонева Стојанова