Болницата во Прилеп со софистицирана опрема и без долгови кон Фондот
Со новата софистицирана рендген опрема и кабинетот за невролошки заболувања кај децата, прилепската болница е на врвот на опременост во јавното здравство. Битно е што нема долгови кон фондот, а претстои кадровско доекипирање. Во земјава на половина пат е дигитализацијата на опремата во јавното здравство...

Прилепската болница ја заврши ерата на аналогни рендген снимки. Со новата софистицирана опрема што си ја купи болницата сега е меѓу првите во дигитализацијата на рендген снимањето. Освен тоа, преку донација, болницата е една од ретките со кабинет за невролошките заболувања кај децата до 14 години.
Дигитализацијата на здравствената опрема во земјава е во тек. Има уште околу 40 проценти од здравствените установи кои треба да го поминат процесот. А прилепската болница треба да го пополни кадарот.
Новата рендген опрема ќе ја зголеми изработката на досегашните 30.000 рендген снимки годишно.
Елизабета Митреска
