Сообраќај

Мерки против несовесно возење мотори, велосипеди и електрични тротинети

15.05.2026 19:34

За само неколку минути, камерата на МТВ регистрираше повеќе сообраќајни прекршоци од моторџии, возачи на електрични тротинети и доставувачи. МВР најави кампања и засилени контроли, а се разгледуваат и законски измени за ограничување на возраста за управување со тротинети.

За само неколку минути, камерата на МТВ улови неколку прекршоци на несовесни возачи на мотори, електрични тротинети и доставувачи на производи.

Почнува кампања против т.н. моторџии коишто придонесуваат за небезбедност во сообраќајот. За возачите на електрични тротинети, има размислување да се ограничи возраста кој може да управува, со законски измени. На удар ќе бидат и доставувачите на производи кои неправилно возат и по улици и по тротоари, најавија од МВР.

За намалување на сообраќајните несреќи предизвикани од користење мобилни телефони, МВР апелира тие воопшто да не се користат. За подигнување на свеста кај граѓаните, мобилен оператор објави телефонски број на којшто се јавиле над 20.000 луѓе, а не добиле одговор оти жртвата не може да се јави.

Сите прекршоци во сообраќајот се казнуваат, не само возење со голема брзина, без возачка дозвола или регистрација, потсетуваат од МВР.

Со воведување на системот „Безбеден град“ намален е бројот на жртвите во сообраќајот. Во првите четири месеци од оваа година на 26, споредено со првите четири месеци лани кога имало 47 жртви.

Ирина Гелевска