Македонија

Аднан Азизи избран за претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците

15.05.2026 19:00

Аднан Азизи од коалицијата „Вреди“ е избран за претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците. Тој вели, комитетот треба да се бори за рамноправност на етничките заедници во сите сфери на општествениот живот.

Од опозициската ДУИ, иако предложија свој кандидат, сепак имаа забелешки до спикерот на парламентот, зашто две години не се формирало ова тело, кое според нив било неуставна практика за која треба да се понесе одговорност.

Спикерот на парламентот образложи дека комитетот ги избра сите членови на предлог на комисијата за избори и именувања, освен за претставникот на Ромите, зашто во овој состав немало пратеник Ром. Откако стигнал предлогот од Народниот правобранител и Ромите ќе бидат застапени со еден член.

Комитетот е составено од по седум претставници на Македонци и Албанци и по еден член од српската, бошњачката, турска и влашката заедница.

Собраниското тело разгледува прашања од односите меѓу заедниците и дава мислења и предлози за нивно решавање, а конечна одлука носи Собранието.

Игор Панов