ЕСМ контра обвинителката за случајот со мазутот
ЕСМ тврди дека обвинителката Колариќ, паушално го спровела вештачењето на доказите и неосновано ги искривила исказите на инженерите изговор за да ја прекине постапката, реагира ЕСМ за случајот со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Сега правен тим на компанијата работи на подготовка на приговор до Вишото јавно обвинителство. Од МВР велат дека истрагата не е затворена...

ЕСМ обвинуваат за искривување на исказите на инженерите од кои било побарано да ги образложат техничките процеси при набавка на мазут во „ТЕЦ Неготино“. Повиканите во обвинителството не биле ниту овластени, ниту компетентни да даваат коментари за финансиска штета, потврдиле во исказите дека немало штета, единствено во однос на планот за производство на струја. Од ЕСМ велат исказите се злоупотребуваат за спинување и правдање на обвинителката Коларевиќ, дека наводна наредбата за запирање на постапката била резултат на изјавата од компанијата, дека нема настаната материјална штета. Паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната.
„Компанијата тврди и истото ќе го потенцира во Приговорот – дека постапувачката обвинителка паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на инженерите пратени на барање на Обвинителството за да ги образложат од технички аспект механизмите на спроведување на спорната набавка, како изговор за прекин на постапката. Во овој контекст, јасно укажуваме дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета“, велат од ЕСМ.
Од Основното јавно обвинителство велат дека при евентуален приговор кој го најави ЕСМ, според процедурите, ќе постапува Вишото јавно обвинителство. А Обвинителката Коларевиќ за „360 степени“ вели дека врз основа на исказите на инженерите за реализација на производството констатирала дека во случајот за набавка на мазут нема кривично дело, оти ЕСМ не доставиле документација за финансиска штета.
Предметот за набавка на мазутот за „ТЕЦ Неготино“ не е готов со затворање на истрагата, потврди Тошковски, чие министерство ја поднесе кривичната пријава.
Обвинителката Катерина Коларевиќ која се откажа од овој случај во интервју за „360“ вели дека ЕСМ имале доволно време да достават документација за финансиска штета.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара Советот на јавни обвинители да ја испита работата на обвинителството за организиран криминал по одлуката за прекин на случајот со мазутот.
Со запирање на постапката, ослободени од сомнеж за вина за криминал со мазутот во вредност од 165 милиони евра се екс-директорот Васко Ковачевски, кој е во бегство, сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јаховски, сопственикот на РКМ, Ратко Капушевски, и уште други десет лица.
Случајот со мазутот, обвинителството го отвори кон крајот на минатата зима.
Борис Грујоски
