Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно време

16.05.2026 08:34

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град...

Нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.