Марш за ангелите

„Марш на ангелите“ во Виница

16.05.2026 09:01

43-от Марш на ангелите денес ќе се одржи во Виница. Во 17.05 часот ќе се маршира за 63-те прекинати животи и неостварени соништа, празни соби и семејства што за секогаш останаа без дел од себе, стои во објавата на Здружението „16-ти Март“...

Денеска во Виница ќе се одржи 43-от „Маршот на ангелите“. Почетокот е планиран од плоштадот „Ангел Винички“, од каде граѓаните ќе маршираат низ градот во знак на почит кон 63-те згаснати животи и како поддршка за сите семејства што и денес се соочуваат со последиците од трагедијата во Кочани. Учесниците ќе испратат порака дека сеќавањето на загинатите не смее да згасне, но и дека одговорноста за трагедијата не смее да остане само симболична.

На минатонеделниот марш во Кочани порачаа дека ова е повик за вистина, правда и системски промени кои ќе спречат вакви несреќи да се повторат во иднина.