Руско-украински конфликт

Нови руски напади низ Украина, најмалку 3 лица загинаа

16.05.2026 09:51

Во Киев заврши спасувачката операција по разорниот ракетен напад што вчера погоди станбена зграда во населбата Дарницки. Зеленски ја повика меѓународната заедница да ја казни Москва за нападот...

Во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа загинаа најмалку три лица, а околу 60 се ранети, соопштија украинските регионални власти. Во Киев заврши спасувачката операција по разорниот ракетен напад што вчера погоди станбена зграда во населбата Дарницки. Зеленски ја повика меѓународната заедница да ја казни Москва за нападот. Кремљ пак соопшти дека синоќа во украински напад со дронови врз рускиот град Рјазан биле убиени четири лица, вклучувајќи и едно дете. Трамп навести дека смртоносниот руски напад може да ги попречи напорите за мирно решавање на војната во Украина.

36 земји и Европската унија се обврзаа да се приклучат на договорот за воспоставување специјален трибунал за гонење на злосторствата извршени за време на војната на Русија против Украина.