Скопје

Изградба на булеварот „Борис Трајковски“

16.05.2026 18:39

По 30 години, конечно решени имотно – правните односи. Почна реализацијата на последната фаза од булеварот „Борис Трајковски“, клучен за 100 илјади жители на главниот град...

Конечно решени имотно-правните односи за изградба на последната делница од булеварот „Борис Трајковски“. На терен, машините го изведуваат проектот што со години се реализира.

Реконструкцијата на овој дел од булеварот „Борис Трајковски“ се очекува да заврши до крајот на оваа година.

Ѓорѓиевски вели дека доколку продолжи ваквата динамика на работа, може и побрзо граѓаните да возат по нов модерен булевар со четири коловозни ленти и пешачко-велосипедски патеки.

Паралелно се работи на неколку клучни точки, како клучката кај Момин Поток и мостот на „Љубљанска“.

Ѓорѓиевски се осврна и на комуналната хигиена и сметот во главниот град. „Комунална хигиена“ сè уште располага со стара механизација и работи со само 60 функционални камиони. Но, завршена е тендерската постапка и наскоро треба да стигнат уште 40 камиони. Се набавуваат и нови контејнери.

 

Ана Јосифоска