Велес
Се запали автобус, нема повредни
16.05.2026 19:37
За среќа, сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени...

Автобус со прилепски регистарски ознаки, кој сообраќал од Прилеп за главниот град, попладнево се запалил на автопатот Велес – Скопје, кај наплатната станица Отовица. За среќа, сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени. На местото веднаш излегле екипи на противпожарната бригада од Велес, како и полициски службеници. Пожарот избувнал додека возилото се движело по патот, а причините засега не се познати.
Автобусот е целосно опожарен, сообраќајот на делницата беше во прекин.
