Влада

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Виница

17.05.2026 09:55

Во рамки на посетата, официјално ќе биде означен за отворен новиот затворен градски пазар, а ќе биде извршен и увид во повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат во општината...

Премиерот Христијан Мицкоски во посета на Општина Виница. Во рамки на посетата, официјално ќе биде означен за отворен новиот затворен градски пазар, а ќе биде извршен и увид во повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат во општината.

Станува збор за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, целосна реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ во Виница, како и реконструкција на главната улица со крак кон црквата во селото Градец.