Евросонг 2026

Бугарија победи на Евросонг 2026

17.05.2026 09:32

Претставничка на Бугарија, 27-годишната Дара, е победничка на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија. Со голема разлика победи во трката со останатите 24 учеснички и го остави зад себе претставникот на Израел...

Бугарија е победник на 70. Јубилејно издание на Песна на Евровизија што се одржа во Виена. Впечатливата кореографија и енергичниот настап на Дара, чиешто вистинско име е Дарина Јотова, со песната „Бангаранга“ ги освои и жирито и публиката, а на Бугарија и ја донесоа првата победа во историјата на натпреварувањето. Зад Дара, завршија претставниците на Израел и на Австрија, кои ги освоија второто и третото место.

Песната „Бангаранга“ веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи и на музичките платформи низ Европа, а властите во Софија и честитаа на победничката.