Епидемија
Канаѓанка позитивна на хантавирус
17.05.2026 10:46
Била тестирана во болница на островот Ванкувер, откако развила благи симптоми...

Канаѓанка е позитивна на хантавирус, објави владата на британска Колумбија, откако се симнала од луксузен крузер кој бил заразен со сојот на хантавирус од Андите. Била тестирана во болница на островот Ванкувер, откако развила благи симптоми. Таа е една од четирите Канаѓанки кои се изолирани на островот, откако се истовариле од бродот кој тргнал од Аргентина на први април, на поларна експедиција.
Според Светската здравствена организација, андскиот сој на хантавирус, идентификуван по епидемијата на крузер, може да предизвика сериозно заболување на белите дробови и може да биде фатален во 50 проценти од случаите.
