ракомет
Македонските ракометари се пласираа на Светско првенство
17.05.2026 20:53
Македонските ракометари забележаа и втора убедлива победа над Словачка, овој пат со 38-23 во Скопје…

Ракометната репрезентација на Македонија во јануари следната година ќе учествува на Светско првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва славеа со 38-23 во реваншот против Словачка во СЦ „Борис Трајковски“.
Капитенот Филип Кузмановски денеска постигна 11 гола. Комплетната ждрепка ќе биде извршена на 10-ти јуни.
