Свет

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер во Кина

18.05.2026 14:26

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер ја погоди југозападната кинеска провинција Гуангси, две лица загинаа, а повеќе од седум илјади се евакуирани...

Две лица загинаа, а повеќе од седум илјади се евакуирани, откако земјотрес од 5,2 степени по Рихтер ја погоди југозападната кинеска провинција Гуангси.

Државниот радиодифузен сервис објави дека 13 згради се урнале, а лизгањата на земјиштето предизвикано од земјотресот ги блокирало патиштата што водат до погодената област.