Лафчиски на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел
На состанокот на највисокото воено тело на НАТО ќе се разговара за зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, тековните мисии и операции, подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, како и за поддршката за Украина и соработката меѓу НАТО и Европската Унија.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанокот на Воениот комитет на Алијансата на ниво на началници на Генералштабови.
На состанокот на највисокото воено тело на НАТО ќе се разговара за зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, тековните мисии и операции, подготовките за претстојниот Самит на НАТО во Анкара, како и за поддршката за Украина и соработката меѓу НАТО и Европската Унија.
Со состанокот ќе претседава адмиралот Џузепе Каво Драгоне, а ќе учествуваат и врховните команданти на НАТО за Европа и трансформација, генерал Алексус Г. Гринкевич и адмирал Пјер Вандие.
Од Армијата информираат дека учеството на Лафчиски претставува потврда за активниот придонес на државата во колективната безбедност, регионалната стабилност и заедничките политики на Алијансата.
