Посета
Претседателката Сиљановска- Давкова во Словенија
18.05.2026 10:44
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Претседателката Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Словенија. Денеска ќе има билатерална средба со нејзината колешка Наташа Пирц Мусар. Шефицата на државата вчера се обрати на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб. Порача дека неговото обновување е важен чекор кон продлабочување на економската соработка и поврзување на бизнис-заедниците на двете држави.
Од Љубљана, известува, Марина Стојанова-Тонева.
