МВР

Фатен на дело крадец во Прилеп, полицијата го уапси во браварска работилница

18.05.2026 20:00

Прилепската полиција уапси 26-годишен прилепчанец кој бил затекнат при извршување кражба во круг на браварска работилница на улицата „Александар Македонски“. Украдените предмети се вратени на сопственикот, а против осомничениот ќе биде поднесена пријава.

На 17 мај 2026 година во 12:15 часот на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ј. (26) од Прилеп.

Како што информира МВР, тој бил затекнат при извршување кражба во круг на браварска работилница. Украденото било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.