Путин во дводневна посета на Пекинг
18.05.2026 20:25
Кремљ соопшти дека има „многу сериозни очекувања“ од посетата и дека ќе се зајакнува привилегираната соработка и партнерство меѓу Москва и Пекинг.

Само четири дена по посетата на американскиот претседател Трамп, рускиот претседател Путин утре пристигнува во Пекинг на дводневна посета на покана од Џјинпинг.
Кремљ соопшти дека има „многу сериозни очекувања“ од посетата и дека ќе се зајакнува привилегираната соработка и партнерство меѓу Москва и Пекинг.
Кинескиот лидер порача дека билатералните односи се продлабочуваат, додека западот со загриженост ги следи сè поблиските односи меѓу двете земји.
