Македонија

„Меѓаши“: 284 повици за помош за само една година, сè повеќе деца се соочуваат со анксиозност и суицидни мисли

18.05.2026 16:49

Што стои зад секое детско „ало?“ што им кажувале децата и младите на сос-линијата „Ало Бушавко“ во текот на 2025 година? Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска ги презентира бројките, но и приказните што најчесто остануваат невидливи за предизвиците, грижите и светот низ очите на децата …

Кога дознала дека нејзиниот другар има намера да си го одзеде животот, почнала да ги вклучува алармите. Прво се обратила кај мајка си и добила совет да не се меша, но не се обесхрабрила, случајот го пријавила во Меѓаши и со нивна помош момчето е спасено. Секое трето дете се бори со страв, анксиозност, самоубиствени мисли, велат од Меѓаши по сумирањето на повиците за помош изминатата година. 19 деца сакале да си одземат животот.

Децата се под стрес и тоа не е минлива криза, децата се со сериозна ранливост, а возрасните мора да ги сослушаат без да ги осудуваат.

Менталното здравје треба да е системски приоритет, потребни се сервиси за поддршка и рана интервенција.

Наташа Јанчиќ Менковски