Зеленски тврди дека Русија е економски ослабната
Според Зеленски, и покрај воениот фонд на Москва, земјата нема да може да продолжи со војната на неодредено време. Украинскиот лидер повика на континуиран притисок врз Путин за да преговара.

Украинскиот претседател тврди дека значителен број руски региони се во состојба на банкрот, а руските компании го намалуваат производството на нафта. Според Зеленски, и покрај воениот фонд на Москва, земјата нема да може да продолжи со војната на неодредено време. Украинскиот лидер повика на континуиран притисок врз Путин за да преговара.
„Путин, се разбира, изгради воен фонд, но секако недоволен за бесконечна борба. Секој наш одговор, секој заеднички чекор на притисок, заедно со нашите партнери, ја турка Русија поблиску до завршување на војната. Веќе сега, значителен број од нивните региони се во состојба на банкрот, а Путин ја води Русија кон банкрот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На фронтот продолжија борбите и изминатото деноноќие.
