свет
САД: Тинејџери отвориле оган во Исламски центар
19.05.2026 14:55
Пукањето се случило кратко пред пладневната молитва. ФБИ го истражува инцидентот како злосторство од омраза...

Двајца тинејџери од 17 и 18 години отвориле оган во Исламски центар во Клермонт, Сан Диего, убивајќи тројца мажи пред да се самоубијат. Пукањето се случило кратко пред пладневната молитва. ФБИ го истражува инцидентот како злосторство од омраза.
Два часа пред нападот, мајката на еден од осомничениот напаѓач се јавила во полиција за да пријави дека нејзиниот син излегол од дома со неколку оружја и автомобил, придружуван од пријател, двајцата облечени во камуфлажна облека. Исламскиот центар во Клермонт е најголемата џамија во округот Сан Диего, а дел од него е и академија која нуди исламско образование.
